Камерен хор "Св. Климент Охридски"

kameren horКамерен хор "Св. Климент Охридски" - Македонија
Диригент: Панче Јосифов
08 Август 2012, Св. Софија, почеток 21 часот

Камерниот мешан хор "Св. Климент Охридски" е формиран во 1992 година за потребите на Македонската православна црква, односно за сослужение на неделните и празничните литургии во црковниот храм "Св. Климент Охридски". Хорот е составен од професионални пејачи, вокални педагози и хорски уметници. Негов уметнички директор и диригент е Панче Јосифов. Хорот редовно ја изведува првата македонска православна литургија "Литургијата на Св. Јован Златоуст" од композиторот Атанас Бадев.

Цената на билетите изнесува 200 денари.