KАФЕ КИНО

18. 07. (сабота)

НЕВОЗМОЖНА ЉУБОВ

***ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРЕМЕ ОДНОСНО ДОЖД ФИЛМОТ ЌЕ СЕ ПРИКАЖЕ НА 19.07.2020 ГОДИНА

 

UN AMOUR IMPOSSIBLE (2018), Франција/Белгија 
романса / траење: 135 минути
косценарио и режија: Катерин Корсини
улоги: Виржини Ефира, Нилс Шнајдер, Џени Бет, ...
награди: 4 номинации за наградите Цезар, номинација за наградата од публиката на Филмскиот фестивал во Ротердам ,...

- СООЧУВАЊЕ СО ПРЕДРАСУДИТЕ: во доцните ’50-ти години од минатиот век во Франција, скромна службеничка запознава брилијантно момче од богато семејство. Нивната љубов резултира со ќеркичка, но момчето одвива да стапи во брак надвор од неговата класа... 

19. 07. (недела)

МИРАИ 

MIRAI (2018), Јапонија
анимирана авантура / траење: 98 минути
сценарио и режија: Мамору Хосода
гласови: Викторија Грејс, Ребека Хол, Џон Чо,...
награди: номинации за Оскар и Златен глобус за најдобар анимиран филм, награда Ени за најдобар независен анимиран филм,...

- ПРИКАЗНА ЗА СЕМЕЈСТВОТО И ЖИВОТОТ, ШТО ГИ ПОВРЗУВА МИНАТОТО И ИДНИНАТА: Младо момче се среќава со магична градина што му овозможува да патува низ времето и да се сретне со своите роднини од различни епохи, водено од неговата помлада сестра од иднината.

20. 07. (понеделник)

ГОСТИНОТ

L’OSPITE (2018), Италија/Швајцарија
романтична комедија / траење: 94 минути
косценарио и режија: Дукио Кјарини
улоги: Даниеле Паризи, Силвија Ди Амико, Ана Белато,...
награди: номинација за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобра песна во филм, номинација за награда на Локарно филм фест.

- ДЕЛИКАТНА ПЕРСПЕКТИВА ЗА ЉУБОВТА, СЕМЕЈСТВОТО И КАРИЕРАТА НА ИТАЛИЈАНСКИ НАЧИН: Горко-слатко созревање низ проблемите на современата љубов.

21. 07. (вторник)

СЕ’ ЗА МЕНЕ (МЛАДИОТ ЧОВЕК НА СВЕЖ ВОЗДУХ)

DER JUNGE MUSS AN DIE FRISCHE LUFT (2018), Германија
биографска комедија / траење: 100 минути
режија: Каролине Линк
улоги: Луизе Хеер, Зенке Меринг, Хапе Керкелинг,...
награди: 3 награди од 6 номинации за Германските филмски награди, награда Бамби за најдобра актерка, награда за најдобра машка улога на Филмскиот фестивал во Сиетл,...

-  ЕКРАНИЗАЦИЈА НА КНИГАТА НА ХАПЕ КЕРКЕЛИНГ ЗА ЕДЕН ОД НАЈОМИЛЕНИТЕ СОВРЕМЕНИ ГЕРМАНСКИ КОМИЧАРИ: Ханс Петер „Хапе“ Керкелинг  е култен лик на германската комедија. Филмот зборува за него, за неговата депресивна, презаситена мајка, срдечното семејство, соништата...

22. 07. (среда)

ЅВЕРОТ ВО ЏУНГЛАТА

THE BEAST IN THE JUNGLE (2019), Холандија 
драма / траење: 87  минути
режија: Клара ван Гоол
улоги: Сара Рејнолдс, Дејн Хрст, Клер Џонстон, ,...
награди: номинација за награда на Филмскиот фестивал во Ротердам

- ЕКРАНИЗАЦИЈА НА РОМАНОТ НА ХЕНРИ ЏЕЈМС: таинствена љубовна приказна за Џон Мерчер и Меј Бертрам. Нивната вплотеност околу злокобната тајна се изразува во стил - поетски и физички...

23. 07. (четврток)

КАДЕ СИ, ЖОАО ЖИЛБЕРТО?

WHERE ARE YOU JOA GILBERTO? (2017), Швајцарија/Германија/Франција
документарец  / траење: 107 минути
косценарио и режија: Жорж Гашо
улоги: Жоао Жилберто, Жоао Донато, Марк Фишер,,...

- ВО ПОТРАГА ПО ЛЕГЕНДАТА НА БОСА НОВАТА: филмот ги следи стапките на германскиот писател Марк Фишер, кој опсесивно го бараше легендарниот татко-основач на Боса Нова, бразилскиот музичар Жоао Жилберто, кој не се појавил во јавноста со децении...

24. 07. (петок)

БРИТ-МАРИ БЕШЕ ТУКА

BRITT-MARIE WAS HERE (2019), Шведска
спортска комедија / траење: 97 минути
режија: Тува Новотни
улоги: Пернила Аугуст, Вера Витали, Петер Хабер,...
награди: номинација за најдобра актерка на Гулдбеџ наградите, ...

- НИКОГАШ НЕ Е ПРЕДОЦНА ДА СЕ ПОЧНЕ СО ЖИВОТ:  Брит-Мари има 63 години и штотуку ги остави зад себе 40 годишниот брак и нејзиниот долг живот како сопруга. Некои велат дека е здодевна пасивно-агресивна тетка, но за неа новата работа во малиот град Борг ќе биде предизвикувачка. Малиот град нема друга гордост, освен младата фудбалска репрезентација, која Брит-Мари започнува да ја тренира. Така започнува патувањето исполнето не само со борби и предизвици, туку и со топлина и љубов...

25. 07. (сабота)

СОНОТ НА КАТРИНА

KATRINA’S DREAM (2018), Швајцарија/Италија
романтична драма / траење: 84 минути
сценарио и режија: Дарио и Мирко Бишофбергер
улоги: Дања Лиценбергер-Винет, Симон Естебан, Адријан Фурер,...
награди: награда за најдобра камера на Фестивалот за независен филм во Даблин

- ТАА ЈА ИЗГУБИ ГЛАВАТА. НО И ТОЈ.  Катрина посакува да има деца, но нејзиниот сопруг почина во фатална сообраќајна несреќа. Благодарение на трансплантацијата на главата тој се враќа како друго лице. Катрина, за да го исполни својот сон, сега мора да се справи со телото и умот на двајца мажи...

26. 07. (недела)

ДВОЈНА НЕВОЛЈА-МАГИЧНОТО ОГЛЕДАЛО

UNHEIMLICH PERFEKTE FREUNDE (2019), Германија 
семејна комедија / траење: 92 минути
режија: Маркус Х. Розенмилер
улоги: Луис Форбах, Јона Генслен, Маргарита Бројх,  ...
награди: номинација за најдобар детски филм на Џифони филмскиот фестивал

- ПОДГОТВЕНИ ЗА АКЦИЈА: Децата користат магично огледало за да создадат копии од себе и да ги одложат секојдневните обврски и одговорности...

27. 07. (понеделник)

РАЗВРСКА

LYSIS (2018), Германија 
авантура / траење: 98 минути
режија: Рик Остерман
улоги: Луис Хофман, Оливер Масучи 
- филм од селекцијата на Филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин

- ДА СЕ ПОБЕДИ ОТУЃЕНОСТА: Отуѓени татко и син одат на диво патување. Патувањето се претвора во авантура за време на која двајцата мора да се справат со минатото и сегашноста на едниот и другиот...

28. 07. (вторник)  

ДЕВОЈКАТА СО ЦРВЕНА МАРАМА

SELVI BOYLUM, AL YAZMALIM (1978), Турција
романтична драма / траење: 95 минути
режија: Атиф Јилмаз
улоги: Туркан Сорај, Кадир Инанир, Ахмет Мекин,  ...
награди: 2 награди за најдобра режија и кинематографија на Анталија филмскиот фестивал и номинација за наградата „Златен портокал“ за најдобар филм на истиот фестивал

-  КИНОТЕЧНА НОСТАЛГИЈА: Приказна за дилемата на една девојка растргната меѓу љубовта и логиката. Камионџија од Истанбул на калливиот пат ја среќава девојката која во селото е позната под прекарот „Црвената марама“. Љубовта што се раѓа на прв поглед е крунисана, но......

ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРЕМЕ, ФИЛМОТ ЌЕ СЕ ПРЕЗАКАЖЕ ЗА ДРУГА ДАТА, НЕ СЕ ОТКАЖУВА! 

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

- носење заштитни маски

- мерење телесна температура

- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето

- дезинфекција

- влезот на публиката ќе започне во 20:30 часот