Концертната турнеја на Каролина ”Смеј ми се смеј” е откажана
Драги мои пријатели,
Како што веќе знаете, во вторникот навечер изненадно почина Даниел Милошески, еден од моите соработници кои цело време ме водеа и беа со мене на секој чекор низ кариерата. За сето тоа време Даниел беше и едено од моите најблиски пријатели.
Поради сето ова, сакам да ве известам дека не сум во можност да се појавам пред вас и да ги одржам најавените концерти и затоа ја откажувам комплетната летна турнеја и концертите закажани за Битола, Охрид и Дојран.
Со почит,
Каролина
Концертната турнеја на Каролина Гочева е откажана! Билетите можете да ги вратите на продажните места на кои што сте ги купиле со приложување на фискалната сметка. Оние кои купиле онлине билети се замолуваат да испратат емаил на contact@kupikartizase.com со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција.