JUNO REACTOR

juno reactor

Sun Prodaction со особено задоволство ви го најавува настанот со кој ќе одбележат десет години од своето постоење!!!
Во сабота на 13 јуни, на Стадионот на АРМ во градскиот парк во Скопје ќе се случува досега најголемиот настан кој ја промовира транс музиката. Програмата е повеќе од импресивна и во иста вечер на една иста сцена ќе настапат три големи имиња од светот на трансот:

Најкултниот артист на сите времиња, една од малкуте живи легенди, BEN WATKINS за првпат во Скопје:
JUNO REACTOR

Романецот кој ги руши сите рекорди на најмногу настапи во текот на една година, еден од пионерите во електронската музика воопшто и миленик на македонската публика:
ATMA

Македонецот што го покори светот, нашиот Боби кој во моментов е помеѓу топ 5 транс артисти во светот:
EGORYTHMIA

Домашна поддршка ќе бидат дј-ите на Sun Prodaction DARE, SOUNDKILLAH и DEJAN DOGGY
Настанот ќе започне во 20 часот, а ќе трае до 6 часот наредниот ден, ќе има специјално отварање и многу изненадувања.
Влезниците за настанот се веќе во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 400 денари.