Juno Reactor - ОДЛОЖЕН!!!

SUN PRODUCTION Ве информира дека поради објективни причини настапот на
JUNO REACTOR ќе биде преместен за 13 јуни 2015...


juno reactor

Настанот ќе биде на отворено, исто така на истиот ќе настапи и ATMA и во наредниот период ќе бидат додадени уште артисти.

Напомена!!!
Сите што купиле влезници, а промената на датумот не им одговара истите ќе може да ги вратат од продажните места од каде што ги купиле со приложување на фискалната сметка. Оние кои купиле онлајн билети треба да ги испратат бројот на нарачката и датумот на трансакцијата на contact@kupikartizase.com и парите ќе им бидат рефундирани,
За тие што ќе одлучат да ги задржат SUN PRODUCTION ќе им додели гратис влезници за журката со АСТРИКС во мај во знак на извинување и благодарност за разбирањето и поддршката.

Следете не за сите дополнителни информации!!!

.....................................................................................................................................................

Единствениот и неповторлив, човекот кој стои позади култниот проект JUNO REACTOR, една од малкуте живи легенди, BEN WATKINS за првпат во Скопје...

Има настани кои се репризи на некои минати времиња со артисти што дошле десетици пати, но ова се случува сега и којзнае кога пак!!!

JUNO REACTOR

Домашна поддршка се дјите на SUN PRODUCTION
DARE
SOUND KILLAH
DEJAN DOGGY

Сабота 21 март 2015
Старт: 22:00 часот
СЦ Борис Трајковски

Најдобриот RCF Line Array звук, најдобро лајт шоу, видео проекции и големо ласер шоу со повеќе од 10 ласери, холограми и сл.
УВ декорација - АФАДРЕНАЛИН
www.facebook.com/afadrenalin

Влезници во предпродажба од среда 4 март во ограничен број по супер промотивна почетна цена од 350 денари, а потоа 400 денари. На врата 500 денари.

Juno Reactor е бенд познат по својата филмски фузија на електронска музика, глобални влијанија, и динамичен оркестарски пристап, овој проект е најпознат по соработката со американскиот композитор Дон Дејвис и компонирањето на музиката за филмската трилогија THE MATRIX. Во фокусот на проектот JUNO REACTOR е BEN WATKINS и неговите соработки со ансамбли на музичари од целиот свет кои постојано се менуваат.

Моменталниот состав на JUNO REACTOR обединува музичари од Израел, Словенија, Индија, Шпанија и Јапонија, буквално од секој дел од земјината топка.

Џуно Реактор беше формиран како уметнички проект на BEN WATKINS во далечната 1990 година со намера да соработува со други уметници, се со цел правење и продуцирање на музика што нема да биде под комерцијално влијание, да се создаде експериментална музика која ќе биде дел од уметнички инсталации и филмски поректи.

Најновиот албум The Golden Sun Of The Great East е осмoто студиско остварување на JUNO REACTOR.
Сите изданија претставуваат светски класици на електронската музика.