Јосипа Лисац

koncert na muzickata divaЈосипа Лисац е оригинална музичка личност која на просторот на Балканот, а и пошироко, од својот почеток се наметна како доказ дека индивидуалнато и квалитетно изразување на уметничкиот сензибилитет, може да биде неисцрпен извор за правење музика. Јосипа Лисац секогаш освојувала со својот интригантен глас и специфична интерпретација, поради што представува најоригинален вокал на просторите на Балканот.

Идната година се навршуваат 40 години од излегувањето на албумот ”Дневник једне љубави”, кој до сега е продаден во неколку стотици илјади примероци. По повод овој јубилеј, Јосипа Лисац во 2013-та година, тргнува на голема турнеја во сите поголеми градови на екс - ју, а во склоп на таа турнеја ќе биде и наш гостин на 16-ти Февруари. Секогаш свежата, модерна, оригинална и пред се искрена Јосипа Лисац во Скопје доаѓа со својот бенд кој го сочинуваат: Борна Шерцар - тапани, Јосип Грах - труба и хармоника, Гојко Томљановиќ - клавијатура, Давор Чрнигој - бас гитара и Елвис Пенава - гитара.

Билети во предпродажба во музичката продавница ПОЛА Југотон, ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се.