JOHN NEWMAN
Бидејќи месец јуни е навистина историски најбогат со сериозни светски концерти во Македонија, Купи Карти За Се, во соработка со Авалон Продукција реши да направи акција со која ќе се потруди да им овозможи на сите оние што сакаат да бидат присутни на двата концерта што следат (Enrique Iglesias и John Newan), да можат да си го дозволат тоа. Бидејќи концертот на Enrique Iglesias, закажан за 20-ти јуни е пред целосно распродавање, решивме дека од утре секој што има влезница за Enrique Iglesias, може да оди на истото продажно место каде што ја купил и да си добие влезница за концертот на John Newman, кој е утредента после концертот на Enrique, со 50% попуст. Да појасниме. Доколку сте купиле влезница за Enrique Iglesias, и сте платиле 1500, 1990, 2600 или 3100 денари (во зависност од категоријата), со доплата од 500 денари, можете да добиете карта за John Newman за партер или за доплата од 700 денари за фан пит или трибини. Бидејќи и продажбата за концертот на John Newan оди многу солидно, оваа акција е ограничена и важи за првите 3000 луѓе кои што имаат купено карти за концертот на Enrique. Билетите можете да ги побарате на сите продажни места на Купи Карти За Се низ Македонија.
Огромно задоволство ни е да ви најавиме дека после „One Republic“, кои публиката имаше можност да ги види во јуни 2015 година, Авалон продукција се погрижи Скопје, Македонија и целиот регион во 2016-та, да видат уште една голема и актуелна глобална музичка атракција.
На 21 јуни во Скопје доаѓа извонредниот John Newman, едно од најпопуларните и најактуелни светски музички имиња во моментов, артист кој во изминатиов период има три UK No.1 синглови.
John Newman со своите 25 години за многу кратко време стана англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата. За неговата кариера клучна е соработката со групата „Rudimental“ и заедничката песна „Feel the Love“ која за кратко време стана светски хит. По вториот заеднички сингл со оваа група, насловен „Not Giving In“, набрзо следи и неговиот прв самостоен сингл „Love me Again“ каде се искачува на првото место на британските и светски топ листи, обезбедувајќи си влез и на американскиот музички пазар.
Во 2013 го издава својот прв деби албум насловен „Tribute“, од кој се издвојуваат неговите песни „Losing Sleep“, „Out of my Head“ и „Cheating“. Овој албум достигнува врвот на британските топ листи, симболично пред легендарниот Paul McCartney.
Минатата година, John Newman заедно со најбараниот диџеј и продуцент на денешницата Calvin Harris го снимија планетарниот хит „Blame“. Спотовите за горенаведените мегахитови во збир имаат речиси милијарда прегледи на „Youtube“, додека само Newman во изминативе две години има забележлив тираж од импресивни четири милиони примероци.
Неодамна, Newman го издаде својот втор студиски албум насловен „Revolve“, во кој се вклучени познатите песни „Come and Get it“ и „Tiring Game“. Во рамките на неговата летна турнеја во која го промовира албумот „Revolve“, John Newman ќе биде хедлајнер на неколку музички фестивали, каде ќе го посети и Скопје.
Авалон продукција ова лето ќе направи неколку концерти на John Newman во регионот, од кој што првиот ќе биде во Скопје на 21 јуни.
Билетите за концертот можете да ги најдете на продажните места на Купи Карти За Се (освен на продажните места на Макпетрол, и Киносенс 7D) и онлајн на нашата веб страна www.kupikartizase.com
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!