JETHRO TULL

КОНЦЕРТОТ НА JETHRO TULL ВО СРЦ КАЛЕ КОМПЛЕТНО СО СЕДЕЊЕ!

 Почитувани,

Ве информираме дека поради новиот концепт за концертот на Jethro Tull, замолени сме од менаџментот претстојниот концерт кој ќе се одржи на 16-ти октомври во СРЦ Кале, да биде комплетно со седење.

Имено, се работи за концепт кој ќе се одвива на следниот начин:

Првиот дел од концертот ќе трае 55 минути, потоа следува пауза од 20 минути, додека вториот дел од концертот, исто така ќе трае 55 минути. 

Поради тоа, приморани сме да ја исфрлиме категориите Партер и Фан пит и целата сала да ја адаптираме со седење.

Сите оние кои што досега имаат купено влезници за партер и фан пит, ќе бидат сместени на обележани седишта.

Распоредот на седиштата и цените на влезниците, ги објавуваме во мапата подолу.

 Авалон Продукција

После минатонеделното отворање на концертите во Софија и во Белград, со задоволство ве информираме дека конечно ги прецизиравме сите детали околу продажбата на влезниците за овој голем културен и музички настан, концертот на JETHRO TULL во Скопје. 

Билетите во продажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија по следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 1000 денари 

ФАН ПИТ – 1500 денари 

ТРИБИНИ (седење) – 2000 денари 

Овој култен британски рок бенд, кој има снимено 30 албуми досега, а ги има продадено во над 50 милиони примероци, конечно доаѓа и во Скопје, во рамките на турнејата „50 years of Jethro Tull“.

Се гледаме на 16-ти октомври, во СРЦ Кале, во 20:30 часот!