James Zabiela
Голема трагедија ја потресе нашата држава, многу наши сограѓани настрадаа или се повредени.
Најпрво сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на загинатите. И да посакаме побрзо опоравување на повредените. Нема зборови кои можат да ја надополнат ова загуба...
Затоа Ве информираме дека ќе мораме да го одложиме одржувањето на настанот. И истиот ќе се одржи на 08 март!
Се надеваме на разбирање. Во овие деновие на тага кога нашата држава е завиена во црно потребна ни е сплотеност!!!
Друштво ни претставува особено задоволство да го најавиме нашиот прв настан за оваа година!!!
Во месецот на виното и љубовта Ви го претставуваме гостувањето на светскиот број 1 виртуоз позади дј пултот, човекот кој што е заштитено лице на најпознатиот бренд за дј опрема Pioneer, лондонскиот супер стар дј и продуцент...
James Zabiela
Петок 15 февруари
Мала Сала Борис Трајковски Скопје
Старт 23:00
Влезници во претпродажба на сите продажни места на www.kupikartizase.com
Почетна цена за првите 300 влезници 500 денари!!!
Промовирано од SUN Production и Urban Club MK