IT’S A FILM

 

Ексклузивна филмска музичка вечер со гудачкиот камерен оркестар Арко
15- годишен јубилеен концерт
“IT’S A FILM“

Концерт со прекрасна филмска музика, за прв пат во Скопје со премиерни 15 музички теми од познати филмови, добитници на најпрестижната филмска награда, гламур што секоја година го гледаме на доделувањето на Оскарите. Ќе го претставиме и сензибилниот екстравагантен Боливуд.

Концертот ќе изобилува со прекрасни визуелни ефекти, балет, театар, танц.

Како ексклузивни гости ќе настапат:

Од ИНДИЈА: САИ ШРАВАНАМ-табла, дел од оскаровската екипа на филмот “Животот на Пи“ и АНЏАНА РАЏАГОПАЛАН-сопран

Атрактивната СОЊА КАЛАЈИЌ на виолина и пила - Белград, СРБИЈА

После многу години во Скопје нашиот светски познат гитарист: ДАРКО БАГЕСКИ

Нашиот најбаран најдобар пијанист: ДИНО ИМЕРИ

Убавата сопранистка: ПОЛИНА ТАСЕВА

Нашиот познат актер: ИГОР АНГЕЛОВ

Балетскиот оддел од ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“

Мандолински оркестар “Скопје“

Диригент: ЕРХАН ШУКРИ 

“Мемоарите на една Гејша“, “Ла Ла Ленд“,  “Синема Парадизо“, “Авантурите на Шерлок Холмс“, “Ловец на елени“, “Милионер“, “Ѕвездени патеки“, “Баџирао Мастани“, дел од филмските музички теми кои ќе прозвучат истата вечер.

Музика напишана од перото на оскаровците: Џон Вилијамс, Ханс Зимер, Мишел Легранд, Енио Мориконе, Мајкл Џиакино, Нино Рота, А.Р.Рахман, Хенри Манчини...

Незаборавна филмска музичка вечер

07.10.2018 г.
Македонска Опера и Балет
Почеток 20ч

Билети во продажба по следниве цени
Партер - 600 ден
Галерии - 500 ден