IAN GILLAN
Огромно задоволство ни е да Ви го најавиме гала проектот со кој Авалон Продукција ја затвора светската концертна сезона 2016 во Скопје.
Рок легендата Ian Gillan- еден од сигурно највпечатливите светски вокали на сите времиња доаѓа со уникатен концерт- со песни од Deep Purple, придружуван од бендот на Don Airey и Македонската филхармонија, под диригентство на Stephen Bentley- Klein, на 5ти ноември во ВИП Арената.
„Smoke On The Water“, „Black Night“ и „Perfect Stranger“.. се само дел од легендарните нумери кои ќе прозвучат пред македонската публика.
Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние коишто во изминативе неколку месеци чекаа и бараа класичен рок концерт.
Имено, Ian Gillan се уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со Deep Purple и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина единствена шанса да го види легендарниот Ian Gillan во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат Papa Le Gal.
Билетите за гала проектот со легендарниот фронтмен на Deep Purple, Ian Gillan, кој ќе се одржи на 5-ти ноември во ВИП Арената, можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од:
ТРИБИНИ- 600 ДЕНАРИ
GOLDEN SEATS ПАРТЕР И ТРИБИНИ- 800 ДЕНАРИ
ВИП- 1.200 ДЕНАРИ
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!