HUNGARORING 2019
HUNGARORING 2019
Будимпешта,
02-05.08.2019
ПРОГРАМА:
ПРВ ДЕН, петок, 02.08.2019
Поаѓање од Скопје во 18 ч, паркинг пред Хотел ВИП, спроти Скопски саем. Ноќно возење преку Србија, со повремени паузи по мотели.
ВТОР ДЕН, сабота, 03.08.2019
Пристигнување на патеката HUNGARORING околу 10 ч. Купување влезница, следење на пред настаните и квалификациите за пол-позиција Собирање на групата по завршувањето на квалификациите и заминување кон хостелот во Будимпешта (15 км од автодромот). Сместување околу 17 ч, 3-4 креветни соби (можност за добивање на двокреветна со извесна доплата на лице место, но со претходна најава). Слободно попладне и слободна вечер за заедничко излегување до Центар. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, недела, 04.08.2019
Напуштање на хостелот. Заминување на Хунгароринг околу 9 ч. Следење на преднастаните (од 10 ч натаму) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија.
ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 05.08.2019
Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 7900 ден
Аранжманот опфаќа:
*автобуски ПРЕВОЗ според програмата,
* ЕДНО НОЌЕВАЊЕ во хостел (место во 3-4 креветна соба) во Источниот дел на Пешта
*организација на патувањето
Аранжманот не опфаќа:
*ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА ТРКАТА (ГАРАНТИРАНО ги обезбедуваме на лице место по цена на денот (110 евра викенд пакет или 80 евра само за недела). Станува збор за влезници од типот ЏЕНЕРЛ АДМИШН, трибините се значително поскапи.
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
*задолжително да испратете ги своите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;