HUNGARORING 2015

FORMULA 1, HUNGARORING 2015

Пакет аранжман со автобуски превоз и 2 Н+П(***) во БУДИМПЕШТА.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

f1Прв ден, петок,  24.07.2015. Поаѓање од Штип и Скопје во попладневните часови (времето и местото ќе бидат подоцна прецизирани). Ноќно возење со повремени паузи преку Србија кон Унгарија.

Втор ден, сабота, 25.07.2015. Пристигнување во Будимпешта претпладне. Одмор од патот во Централната зона, промена на пари и сл. Во 11 ч. заминување кон Хунгароринг  (25 км) за следење на квалификациите  за пол-позиции.  Потоа, во 16 ч враќање во Будимпешта и сместување во хотелот. Во вечерните часови разглед на знаменитостите: Стар Будим, Цитадела и Споменик на милениумот, потоа слободна вечерна шема по централната улица Ваци. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.

Трет ден, недела, 26.07.2015. Појадок. Заминување на Хунгароринг околу 10 ч. По завршувањето на трката, враќање во хотелот околу 17 часот и одмор по напорниот ден. Во вечерните часови организирано излегување до Центарот за вечерна шема. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.

Четврти ден, понеделник, 27.07.2015. Појадок.  Напуштање на хотелот и заминување во Центарот. Можност за факултативни форми (крстарење со брод по Дунав = 15 евра или посета на прекрасен спа центар на отворено на Маргаритиниот остров над  природни термални извори = 10 евра) или слободен избор за шопинг, прошетки, зоолошка градина, луна парк,...  Собирање на групата во 17 ч и заминување кон дома. Ноќно возење со повремени паузи преку Србија.

Петти ден, вторник, 28.07.2015. Пристигнување во МК во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 8700 мкд

Во цената е вклучено:

*Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери до стазата Хунгароринг и низ градот,

*2 ноќевања со појадок во хотелот (***) кој се наоѓа во северниот дел на Будим во чиста, мирна, рекреативна зона на самиот брег на Дунав и е извонредно лоциран и кон Хунгароринг (15км) и кон Цернтарот (10км) и

*организацијата на патувањето.

Во цената НЕ Е ОПФАТЕНО:

*влезицата за трките која се зема на лице место на шалтерите пред Хунгароринг и чини 80 евра само за неделата или 90 евра викенд-пакет,

*меѓународното патничко осигурување кое си го обезбедува секој патник по сопствен избор и чини 200 ден како и

*спомнатите факултативни форми

Напомена: За остварување на аранжманот потребно е да се исполни квотата од минимум 25 патници!

ЕУРОТУРС – Штип, 25 години традиција со ХУНГАРОРИНГ !!!

Инфо + тел 078 473 181078 473 181 075 859 778075 859 778