Хуманитарен Концерт за лекување на Боро Стајиќ

Кога имаме 18 години, чуствуваме дека целиот живот е пред нас, дека можеме се’ и дека имаме слобода и сила да го постигнеме она што го сакаме...

За лекување на Боро Стајиќ.

Црвениот Крст на град Скопје и други соработници организираат Голем хуманитарен концерт во Скопје на 03.04.2013 година. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро Стаиќ да го продолжи своето лекување.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: 

nastapuvaci na humanitarniot koncertГенерални покровители на концертот се:
- Универзална Сала Скопје
- ИНФОМЕДИА Системи (професионална аудио, видео и светлосна опрема)

Боро Стаиќ има 18 години, но животот му е полн со неизвесност и тешки предизвици.


humanitaren koncertПред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.

Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме.

Цената на влезниците изнесува 300 МКД. 

Влезниците ке може да се купуваат од 15.03.2013 год. на продажните места на Купи Карти За Се и онлајн преку нашата веб страна.


Бидејќи заедно можеме повеќе !!!