Хуманитарен концерт

Во склоп на хуманитарната акција за извонредната млада поетеса Искра Донева, Аква Парк Македонија презеде иницијатива да организира хуманитарен концерт на 17 Септември, ден Сабота, со почеток од 17 до 21ч. 

Сите Хумани посетители ќе можат да го поминат денот во Аква Паркот и да ги користат сите забавни содржини како и да присуствуваат и да се забавуваат на концертот.

За оваа цел билетите добија симболична цена од 200ден, сума која комплетно се донира за хуманитарната цел.