Hip Hop Nagradi

hip hopНајголемиот настан за оваа година, а можеби најголемиот настан во последната деценија во Битола. На 04 Декември оваа година Битола ќе биди организатор на манифестацијата Хип-Хоп Награди Битола 2016 на која ќе се доделат 12 награди по пат на номинации, 7 награди за Посебни Заслуги и една награда за Животно Дело. На овој настан ќе настапат најспектакуларните имиња од Хип-Хоп културата на Балканот. Едо Мајка, Криско, Слаткаристика, САФ, Bad Copy, Ексцес, Christina Felice, Tita, Tha Titanium се само дел од овогодинешните настапувачи на оваа манифестација. Организаторите гарантираат невидено лајт шоу, прекрасен спектакл кој ќе биде предводен од овогодинешниот домаќин Марјан Ѓоргиевски. Бидете дел од настанот на деценијата, во спортската сала Младост, со почеток во 20 часот.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се по цена од 200 денари.