HIP HOP kamp #3

hip hop kamp 3ХипХоп Камп е фестивал кој годинава ќе го доживее своето трето и најблескаво издание досега.
За разлика од претходните две години, оваа година фестивалот ќе се одржува на Кадмо Плажата во Охрид.

Главни ѕвезди на вечерта се Легијата од Македонија, Скопје и хипхоп великаните од Полска-Трета Димензија ( Trzeczy Wimiar ).

Настанот ќе го отвараат ексклузивците на Шурикен рекордс-Дивизија и Дарко Алфа подржани од легендарниот диџеј Гоце од С.А.Ф. и диџеј Славе.

Фестивалот се случува во сабота 19 Јули, со почеток од 21 часот на Кадмо плажата во Охрид. 

Билетите се во предпродажба преку мрежата на Купикартизасе низ цела република по цена од 150 денари, додека на врата ќе бидат 250 денари.