GREEN BEACH FESTIVAL

green beach

GREEN BEACH FESTIVAL и годинава ќе ги пречека илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи на брегот на плажата Парк во Охрид. Седмото издание на фестивалот ќе се одржува два дена и со повеќе светски етаблирани артисти кои покрај претставниците на домашната електронска музичка сцена ќе ја предводат програмата на 30 и 31 јули.

Познати се и првите изведувачи од светската музичка сцена кои го потврдија својот настап на Green Beach Festival!

На 30 јули, сабота:
James Zabiela - виртуoзот зад диџеј пултот и технички ненадминливиот англиски диџеј и продуцент.
Black Coffee - Најбараната јужноафриканска суперѕвезда и aпсолутниот феномен на современата електронска сцена.

На 31 јули, недела:
Dubfire - најпопуларната техно сензација, артистот кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот;
Âme (DJ set) – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција.

Наскоро ќе бидат објавени и останатите артисти кои ќе го одбележат седмото издание на GREEN BEACH FESTIVAL!


Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

green beach ceni