GP Formula 1 Austriа RED BULL RING
RED BULL RING
GP Formula 1 Austriа 07-10. 07.2017
ПРОГРАМА
ПРВ ДЕН, петок, 07.07.2017
Поаѓање од Македонија попладне (Штип 18, Скопје 19 ч) Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со повремени паузи по мотели.
ВТОР ДЕН, сабота, 08.07.2017
Пристигнување во Дравоград-Словенија околу 10 ч. (градот се наоѓа на самата граница со Австрија, 90 км од патеката Спилберг), сметување во хотел (***), одмор од патот.
ИЗБОР НА 2 ОПЦИИ:
ОСТАНУВАЊЕ во Дравоград со можност за обиколка на регионот но поладневните часови (БЕСПЛАТНО ... посета на градчето Равне на Корошки, прекрасен спа-центар на отворено и градчето Словенградец) или
ЗАМИНУВАЊЕ за Ред Бул Ринг (пол позиции) со доплата од 25 евра. Слободна вечер за вечерен излез по свој избор, ноќевање.
ТРЕТ ДЕН, недела, 09.07.2017
Појадок и заминување од хотелот. Заминување за Ред Бул Ринг околу 8.30. Пристигнување во Целтвег (патеката Спилберг, Ред Бул Ринг) околу 10 часот. Следење на преднастаните (од 11 ч) и главната трка од 14 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17.30 часот и заминување кон дома. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија.
ЧЕТВРТИ ДЕН, понеделник, 10.07.2017
Пристигнување во Македонија околу 9 часот наутро.
Аранжманот опфаќа:
*Автобуски превоз според наведената програма
*1 ноќевање со појадок во хотел (***) во Дравоград - Словенија
*организација на патувањето.
Аранжманот не опфаќа:
*Влезница за трките која се добива на лице место и чини 80 евра (само за неделата) или 95 евра (викенд пакет),
*влезниците за факултативните форми (спа центар 5 евра, музеј во Словенградец 5 евра) или факултативното патување до Ред Бул Ринг и назад во саботата (за пол позиција) = 25 евра
* меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!