Готски гласови

Вокален ансамбл „Готски гласови“, В. Британија

Предворје на црква Св.Софија

13.08.2020

20:00 ч.

Програма:

Блондел де Несле (c. 1155-1202): Ma joie me semont

Непознат автор XI век: Alleluia: Te martyrum candidatus

Непознат автор XIIвек: C Novus miles

Непознат автор XII век:Anglia, planctus itera

Непознат автор XIIвек: In occasu sideris

Непознат автор XII век: Purgator criminum

Непознат автор XII век: Tronus regis

Непознат автор XIII век:Flos regalis

Непознат автор XII век: Etas auri reditur

Непознат автор XII век: Flos in monte cernitur

Непознат автор XII век: Divino maduit

Непознат автор XIII век: Mundus vergens

Блондел де Несле (c. 1155-1202) L’amours dont sui e pris

Непознат автор XIII век: Luto carens

Непознат автор: Diffusa est gratia

Непознат автор XII Iвек:Ave Maria

Непознат автор:Hic ab adolescentia

Непознат автор XII век: Exultemus et laetemur

Непознат автор XIII век: Latex silice

Непознат автор:Christe qui lux est et dies

Непознат автор XII век:Vetus abit littera

Кетрин Кинг- мецо сопран

Стивен Харолд- тенор

Џулијан Поџер- тенор

Стивен Чарлсворт- баритон

Повеќе од триесет години „Готските гласови“ се признати за нивните рафинирани и продуховени изведби на средновековната музика.

Основани во 1980 година од музичарот и специјалист за средновековна музика Кристофер Пејџ, до денес имаат снимено 23. ЦД-изданија за издавачите „Хиперион“ и „Ави“, а три од нивните изданија се одликувани со наградата на списанието „Грамофон“ за најдобри снимки во категоријата стара музика.

Во Велика Британија, „Готски гласови“ редовно настапуваат на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за стара музика во Јорк и Бирмингем, како и во Единбург и Челтнам. Настапуваат ширум Европа,на фестивали во Утрехт, Штутгарт и Вестфолд, но и во Израел и Америка.

Покрај основната определба за стара и средновековна музика, овој ансамбл особено е активен во изведбата на современа музика и на дела кои се инспирирани од стара музика. Многу од композиторите на денешницата, покажуваат интерес токму за средновековниот репертоар, поради неговата експериментална природа, што пак на ансамблот му овозможува програмски да се движи во насока која на специфичен начин го обединува старото со новото.