Global Game Jam Македонија

ggjm

Global Game Jam Македонија по 5ти пат
20 - 22 јануари 2016 година

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање  и правење на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на голем број локации низ целиот свет во вид на 48¬часовен маратон. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Во 2016 година Global Game Jam се одржа на 611 локации во 93 земји и беа создадени преку 6866 игри.

Македонија го започна своето учество во 2013 година со локации во Скопје и Битола, а од оваа година и во Охрид. Oрганизиратор е Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА. Во изминатите три години интересот за учество беше изненадувачки голем. На него досега се сретнаа скоро 800 учесници – ентузијасти, средношколци, студенти и професионалци од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење, остваруваат контакти и да се дружат и играат. Досега се создадени 104 видео игри во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Во 2016, Македонија беше на 5то место во светот по бројот на игри создадени на нашиот настан по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници.

Global Game Jam во Скопје го организира МАГДА (Македонска Асоцијација за развивање на игри) и оваа година ќе се одржи во:

- Скопје – во реновираните бараки на Факултет за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ
- Битола - Совет на Општина Битола

За учесниците е обезбеден непрекинат интернет пристап, храна, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и простор за одмор. Во текот на работата менториggjm1 ќе им помагаат на учесниците и ќе одржуваат кратки предавања. За најиновативните тимови и поединци се обезбедени награди.

Пожелно е учесниците да си носат:

- Продолжен кабел за струја
- WiFi стик за оние со дектоп компјутер

Цена на еден билет е 100 денари и е задолжителен заради евиденција на бројот на учесници.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на нашата web страна: http://gamejam.mk