Gene Farris

nova godina so gene farrisОдбројувањето до почетокот на Новата 2014-та Година започнува!

Дочекајте ја Новогодишната ноќ на највозбудливиот настан кој ќе се одржи во City Hall Center (поранешен Хард Рок) во Скопје. Оваа незаборавна вечер ќе ни ја разубави во моментов најпопуларниот скопски џез свинг состав, Летечки Пекинезери, по чиј настап ќе следува сет на DJ Flooder како совршен премин кон музиката на специјалниот гостин.
Главниот настап кој ќе го означи почетокот на 2014 година е резервиран за хаус легендата од Чикаго – Gene Farris!

Gene Farris е култен продуцент од Чикаго, кој е присутен на светската електронска сцена повеќе од 20 години. Тој е добро познат по синергијата на речиси сите правци на електронска музика со фанк, соул, диско и џез. Оваа жива легенда на денс музиката има издадено повеќе од 100 синглови и 6 самостојни албуми за највисоко ценети дискографски куќи. Farris е добро познат кај македонската публика имајќи предвид дека досега има неколку пати гостувано во Скопје, а пред десетина години на Скопскиот Саем ја приреди и една од најнезаборавните новогодишни забави.

Пијалок на вечерта ќе биде Wild Turkey Bourbon, а за кетерингот ќе се погрижат Domino's и ресторан Гурмет.

Карти ќе има само во претпродажба во сите продажни места на Купикартизасе, како и во Кино Карпош и Барбакан.
Првите 100 карти ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.000 денари со вклучен кетеринг, потоа цената на картите ќе биде 1.250 денари.

Ве молиме набавете си карти на време, бидејќи бројот на карти е ограничен!