Свечено отворање Сопран – ЕЛЕНА МОШУЦ

Свечено отворање Сопран – ЕЛЕНА МОШУЦ, Романија/Швајцарија
Тенор: Калин Братеску, Романија
Диригент: Николае Молдовеану, Романија/Швајцарија
Оркестарот на Македонската Филхармонија

Антички Театар | 12.07.2018 | 21:00 ч.

Елена Мошуц има репутација на еден од најразновидните и најекспресивните сопрани во светот. Се школувала на конзерваториумот „Жорж Енеску“, а за време на своите студии се стекнала со голем број награди на интернационални натпревари. Уште од почетокот на својата кариера, Мошуц е тесно поврзана со Оперската куќа во Цирих, во која се појавила во повеќе улоги. Овде се случило и нејзиното деби во улогата на Кралицата на ноќта, улога која ја изведува повеќе од 250 пати. Елена Мошуц често настапува и во други престижни оперски куќи и фестивали во Европа, САД, Јапонија, Кина, Тајван и Јужна Кореја. Покрај оперската дејност, таа често настапува и во мјузикли и на т.н. „фадо“ концерти. Нејзината дискографија вклучува соло албуми, ДВД оперски продукции, а се има појавено и во филмот „Генијот Моцарт“ на Британската куќа БиБиСи.

Романскиот тенор Калин Братеску има неверојатно активна концертна кариера. Помеѓу најголемите негови достигнувања во претходните сезони се вбројуваат и дебито во Националната опера на Рин, Стразбург, Кралската опера на Валони во белгискиот град Лиеж со Грчката национална опера, како и голем број други успешни претставувања во Романија и надвор од неа. На овие настапи Братеску редовно соработува со значајни оркестри и водечки диригенти, изведувајќи притоа некои од најголемите вокално-инструментални дела во историјата на музиката. Меѓу достигнувањата во кариерата се и главната награда на интернационалниот натпревар на градот Алкамо во 2004 година, и местото финалист на натпреварот „Франческо Вињас“ во Барселона во 2006 година.

Диригентот Николае Молдовеану е роден во Романија, но во 1986 година емигрира во Швајцарија, каде живее и ден денес. Диригентските способности ги стекнува под менторство на некои од најеминентните светски диригенти. Неговите досегашни и идни ангажмани вклучуваат соработка со значајни оркестри – Филхармонискиот оркестар на Малезија, Оркестарот на Кралската оперска куќа, Симфонискиот оркестар на градот Бирмингам, Оркестарот на градот Хале, БиБиСи националниот оркестар на Велс, Шкотскиот камерен оркестар, Кралскиот шкотски национален оркестар, Симфонискиот оркестар на Мелбурн, Токио и Исланд, Нордискиот камерен оркестар и многу други. Диригирал голем број опери и балети, а некои од нив се трајно зачувани на разни носачи на звук.

Цена на билети:

800 денари партер

1000 денари блок A/D

1200 денари блок B/C