Meet and greet with Fred Wesley

Имаме огромна чест да Ве поканиме на единствена и неповторлива средба со легендарниот тромбонист Фред Весли (Fred Wesley). На 25 март, со почеток во 19 часот, во скопското кафуле Brick Eat, лоциранo покрај реката Вардар, веднаш до Park Hotel & Spa оваа култна музичка фигура ќе одржи двочасовен мастер клас за сите оние кои се заинтересирани. Покрај него, присутни ќе бидат и членовите на неговото трио, италијанскиот продиџи на клавијатури Леонардо Коради, кој има само 25 години и тапанарот Тони Меч. Организаторите, оваа непосредна средба и единствена шанса за скопјани повеќе ја најавуваат како „meet and greet“ со легендарниот тромбонист.

Котизација за учество на оваа ретка средба изнесува 600 денари. Во цената се вклучени освежителни пијалаци, неспоредна комуникација со Весли, поставување прашања до него, потпишување на плочи и конечно одблизу ќе имате можност да го видите како музицира на својот тромбон, а можеби и вие ќе сакате да се вклучите во неговите музички импровизации. Затоа, донесете ги своите инструменти и плочи од Фред Весли!

Веќе следната вечер, на 26 март, во ноќниот клуб Станица 26, со почеток во 20 часот, Весли ќе настапи со неговата група под наслов „Fred Wesley Generation Trio“

Ticket price: 600 MKD

Time and date: Monday, March 25, 2019 at 7 PM – 10 PM

Location: Park Hotel & Spa - Brick Eat