Француска вечер

Француска вечер
Пијано 4 раце

Николас Бурдонкле
Мишел Бурдонкле

Црква Св.Софија, 26.07.2018, 21:00 ч.

Цена на билет: 300 Денари

Николас Бурдонкле започнува да изучува пијано под менторство на својот татко – Мишел Бурдонкле на конзерваториумот „Дариус Мијо“ во Екс-ан-Прованс, а продолжува во конзерваториумот „Пјер Барбизе“ во Марсеј каде работи со пијанистот Ерик Бершо. Своето оркестарско деби, овој млад пијанист го доживува во 2009 година, и оттогаш непрестано одржува рецитали и концерти со повеќе оркестри. Во 2015 година, ја добива „Супериорната диплома“ како највисоко признание на Националниот конзерваториум за музика во Париз. Моментално се наоѓа на постдипломски студии на Конзерваториумот во Женева.

Мишел Бурдонкле со својата активна пијанистичка дејност редовно е присутен на најпрестижните сцени во светот, каде често соработува со некои од најдобрите изведувачи денес. Со своите изведби, Бурдонкле инспирирал повеќе композитори, кои решиле да напишат дело токму за овој пијанист. Неговата дискографија вклучува дела направени со познати издавачки куќи. Значајни се и неговите мајсторски курсеви кои ги одржува во повеќе земји во светот, а од останатите активности треба да се издвои неговата улога како основач и уметнички директор на Фестивалот, Академијата и интернационалниот натпревар „Пијанистички ноќи“.

Програма:

Фредерик Шопен (1810-1849): Соната за пијано бр. 3, оп. 58

Allegro maestoso

Molto vivace

Largo

Presto non tanto; Agitato

изведува: Николас Бурдонкле

Сергеј Рахманинов (1873-1943): Соната за пијано бр. 2, оп. 36

Allegro agitato

Non allegro – Lento

L’istesso tempo – Allegro molto

изведува: Николас Бурдонкле

пауза –

Клод Дебиси (1862-1918): 3 прелудиуми

Bruyères

La terrasse des audiences du clair de lune

Feux d’artifices

изведува: Мишел Бурдонкле

Дариус Мијо (1892-1974): „Говедско месо на покривот“, оп. 58 за четирирачно пијано