Француска вечер на Охридско Лето

Квартетот „Ардео“ е формиран во 2001 година на Парискиот национален конзерваториум за музика и драма и денес е еден од најреномираните француски камерни ансамбли. Совршената уметничка цврстина на Ардео се потпира врз хармоничноста меѓу членовите и нивната посветеност на заедничкото музицирање...

francuska vecer na ohridsko leto

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР на фестивалот „Охридско лето“

КВАРТЕТ „АРДЕО“ (Франција)
Оливија Хјуз – виолина
Карол Петитдеманж – виолина
Леа Боеш – виола
Жоел Мартинез - виолончело

Иво Каханек - пијано (Република Чешка)

Програма: Хајдн, Моцарт, Дворжак

21 Јули 2012, Св. Софија, почеток: 21 часот.

Цената на билетите изнесува 300 денари.