Формула 1 - Хунгароринг

Доколку сакате да ја почуствувате магијата на Формула 1 во живо... Купи Карти За Се и Еуротурс Штип ве водат на Хунгароринг, Будимпешта, од 25ти до 30ти Јули 2013...

formula 1

Традиционално пакет аранжманот опфаќа 3 ноќевања со појадок во Будимпешта, од петок претпладне пред трките до понеделник попладне по трките, следење на сите настани поврзани со Формула 1 тие денови, истовремено и детална туристичка, шопинг и забавна шема низ Будимпешта...

Програма

25.07.2013 четврток
Поаѓање од Штип и Скопје во 17 часот. Ноќно возење преку Србија, се до Будимпешта.

26.07.2013 петок
Пристигнување во Будимпешта во 10 часот, сместување во хотел Touring**, кратка пауза од патувањето. Попладне, заминување на Хунгароринг, за обезбедување влезници и следење на попладневната тренинг сесија. Во вечерните часови следува организирано разгледување на знаменостите на градот и слободна прошетка низ центарот на Будимпешта.

27.07.2013 сабота
Појадок во хотелот. Во 10 часот се заминува на Хунгароринг и се следат пласманите за пол позициите. Враќањето во хотелот е закажано за 16 часот. Следува краток одмор, за потоа вечерните часови да бидат исполнети повторно со тура околу знаменостите на Будимпешта. Враќањето во хотелот ќе биде во касните вечерни часови.

28.07.2013 недела
Појадок. Заминување на Хунгароринг и останување таму до 2 часа после трката. Враќање во хотелот, краток одмор и продолжување со ноќната шема до доцните вечерни часови.

29.07.2013 понеделник
Појадок. Напуштање на хотелот до 10 часот. Посета на најголемите шопинг центри Дунаплаза, Арена, Вестенд... Околу 17 часот се трга кон Македонија.

hungaroringШема на стазата Хунгароринг


Цената на аранжманот изнесува 10 150 денари (165 евра).
Во аранжманот се вклучени: 
*3 ноќевања со вклучен појадок во хотел Туринг. Хотелот се наоѓа во северниот дел на Будимпешта, покрај Дунав.
*комплетен автобуски превоз. превоз околу сите локални места и комплетениот превоз до Хунгароринг, наведен во програмата.
*меѓународно патничко осигурување

Во цената на аранжманот не е вклучена цената на влезницата за Хунгароринг, која се движи од 80 евра нагоре (во зависност од местоположбата на седење).   

f1 slikaСите детали околу патувањето можете да ги добиете во
Еуротурс, Штип
ул.Васил Прке 62
078 473 181
075 859 788
    atrencev@yahoo.com