Foltin (live) + Shurbe (dj set) Распродадено

foltin i shurbeНа 14-ти февруари, ноќта е долга, срцата чукаат, голтките вино лизгаат низ вашите грла, секој копнее по долгоочекуваниот бакнеж... Румени се руменат... образите.

Во чест на виното и љубовта, настап на Фолтин и Диџеј Шурбе, во Сити Хол Центар, во 22 часот.

Влезници во претпродажба по цена од 200 денари, во продажните места на Купикартизасе, како и на самиот влез по цена од 250 денари.

Настанот е поддржан од Винарија Тиквеш.

На здравје!