Фолк Фест Роса 2011
На 25 Ноември, во Универзална Сала со почеток во 20:00 часот, по 12ти пат ќе се одржи најреномираниот фестивал на новосоздадена македонска народна музика.
Во него учество ќе земат најголемите имиња на македонската фолк сцена: Миле Кузмановски, Елена Велевска, група Биоритам, Милица Кузмановска, Јордан Митев, Душко Георгиевски, Анастасија Петреска, Октет Куманово, Благица Калева како и многу други квалитетни и атрактивни дебитанти.
Како и секоја, така и оваа година фестивалот е од ревијален карактер.
Единствени награди се наградите за животно дело кои ќе бидат доделени на три доајени на македонската народна музика.
Билетите во предпродажба можете да ги најдете на сите продажни места на ККЗС по цена од 300 денари.