Фолк Фест Роса 2022

И оваа година традиционално по 23 пат, на 7 ноември во Скопје, во Младинскиот Културен Центар-Кино Фросина, ќе се одржи најпопуларниот фестивал на македонска новосоздадена народна песна, ФОЛК ФЕСТ РОСА.

 

Во изминатите 22 години нашиот фестивал остави голем печат на македонската фолк сцена, од истиот произлегоа голем број хитови и беше место каде секогаш настапуваат најголемите имиња и се промовираа голем број на музички и естрадни ѕвезди.

 

Улогата на фестивалот е голема и во оддржувањето и промоцијата на македонската народна песна. На годинешното издание на ФОЛК ФЕСТ РОСА 2022 ќе настапат најголемите имиња на македонската фолк сцена како и неколку квалитетни дебитанти.

 

ФОЛК ФЕСТ РОСА 2022, 7 ноември 2022

МКЦ-Кино Фросина. Почеток 20.00 часот.

Цена 250,00 денари