ФОЛК ФЕСТ РОСА 2014
На 28 ноември во Универзалната Сала во Скопје по ЈУБИЛЕЕН 15 пат ќе се одржи фестивалот на новосоздадени македонски народни песни ФОЛК ФЕСТ РОСА 2014. Фестивалот е традиционално ревијален, единствените награди кои ги доделуваме се наградите за животно дело кои и оваа година ќе заминат во рацете на 3 доајени на македонската народна музика. На овогодинешното издание е потврдено учеството на најголемите македонски фолк ѕвезди. Меѓу оние кои ќе настапат ги издвојуваме: Наум Петрески, Татјана Лазареска, Благоја Грујоски, Милица Кузмановска, Марјан Коцев, Душко Георгиевски, Даниела Темелковска, Новица Василевски и други.
28 ноември 2014 - 20.30 часот, Универзална Сала
Билети во предпродажба преку продажните места на Купи Карти За се, по цена од 300 денари.