Фолк Фест Роса

festival za narodna muzikaРАДИО РОСА во ноември 2013 година ќе одбележи 20 години постоење во македоскиот етер. Манифестацијата ќе се одржи под мотото: 20 години РАДИО РОСА „безрезервен труд за одржување и промовирање на македонските вредности, народната песна, култура и традиција”. По повод одбележувањето на јубилејот, на фестивалот ќе настапат најдобрите изведувачи на македонската народна песна.

Оваа година ФОЛК ФЕСТ РОСА го одржува четиринаесеттото издание. ФОЛК ФЕСТ РОСА како културен настан е еден од најзабележаните во Македонија и како и секоја година ќе биде пренесуван директно на една од националните телевизии, како и на нивните сателитски канали. Оваа година добитници на наградата за животно дело се естрадните легенди: Ефто Пупиновски, Војо Стојановски и Благица Павловска.

Петок - 29 ноември 2013 година, Универзална Сала Скопје, 20.30ч.

Билети во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон, ГТЦ 1 кат и онлајн преку Купи Карти За Се, по цена од 300 денари.