Fin Project
Никола Стојковски (FIN Project), се појавува на музичката сцена во 1998 год., како DJ и промотер на групата Percussion Discussion од Скопје. Активно работи на радио емисии на најпопуларните радио станици и организира некои од најголемите DJ настани во Македонија. Во 2004 година започна со своја музичка продукција на house и progressive звук, што резултираше со објавувањето на неговиот деби албум “Mirror”. Од овој албум, синглот “Be There” и неговата преработка од страна на реномираниот англиски DJ и продуцент Тони Томас, издадени за англиската издавачка куќа Progress Recordings, постигнаа исклучителен успех на светските DJ листи. Во 2010 година, по соработката со македонските популарни извдувачи Тони Зен, Тамара Тодевска и Дани Димитровска беше издадено ЦД-то “FIN Project Remix Contest”, музички материјал кој ја одбележа таа година на музичката сцена во Македонија. Во 2012 година, за издавачката куќа Литиум го издаде својот втор албум, но прв под псевдонимот Fin Project, наречен “Beats & Ornaments / Inside Macedonia”. На овој албум се поместени шест компизиции на преработени традиционални македонски песни, од кои, „Јано мори севдалино“ и „Билбил пее во планина” беа број еден на најпопуларните листи на македонските радио станици. Во 2015 година, FIN Project го објавува својот нов албумот под наслов „Едно е сонцето”. Bo него, преку препознатливиот и автентичен призвук на традиционалната македонска музика, низ авторски композиции, во фузија со разновидни електронски аранжмани, зачинети со jazz rock и chill елементи, се нуди едно уникатно lounge доживување. Како гости на албумот се појавуваат Влатко Георгиев на клавијатури, Даниел Маневски на кавал, Ангела Стефковска како вокал, Зоран Велковски на гитара и други. Темата од албумот, за која беше направено и видео, “ The Sign” , е сè уште една од највртените музички нумери на македонските радија и телевизии. Како издавач на овој албум, за дигитална интернет продажба, се појавува Plur Rec, реномирана издавачка куќа од Ибица, Шпанија. Инспирирани од музичкото творештво на FIN Project, голем број на интернационални и домашни продуценти на електронска музика, како Тони Томас, Зак Џи, Далибор Дадофф, Оливер Петковски и други, изработија ремикс верзии на теми од албумите на FIN Project. Повеќе детали за FIN Project, можете да ги погледнете и слушнете на официјалната веб страница www.finproject.mk
Концертот на Fin Project e закажан на 15 април (петок), во МКЦ (сала Фросина), со почеток во 20 часот.
Како предгрупа ќе настапат Перија.
Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 200 денари. На врата цената на билетот ќе изнесува 300 денари.