Фенер
Овогодинешното издание на фестивалот на детски театар Фенер 2016, ќе се одржи под мотото "Сподели Светлинка". Оваа година, најмалите, а и возрасните, ќе имаат можност да уживаат во три интернационални театарски претстави и две креативни работилници.
ГО ПАКУВАМ СВОЈОТ КУФЕР – Театар Нуу, Австрија
+ Креативна работилница
Место: Кино Култура – Скопје
Датум и време: 17.12.2016 во 12.00 часот
Препорачана возраст: 2+
Времетраење: 35 мин.
Претставата „Го пакувам својот куфер” се базира на истоимената германската детска игра. Градена е преку движење, танц и музика, комуницирајќи со децата на принципите на меморија и фантазија. Што се може да се стави во еден куфер? Нешта големи како слон, или неописливи како смеата. Секој од нас го носи својот куфер. Понекогаш во него се криеме. Го затвараме куферот и не снемува. Потоа пак го отвараме, и ете, пак сме тука.
По претставата ќе се одржи креативна работилница со Театарот Нуу. Доколку детето сака да учествува на работилницата потребно е да се купи билет за претстава со работилница, која ги покрива трошоците за материјали кои ќе им бидат дадени на учесниците.
Цена на претстава: 150,00 ден.
Цена за претстава и работилница: 200,00 ден.
ЈОВАНЧЕ И МАРИКА – Куклен Театар Пазарџик, Бугарија
Место: Кино Култура – Скопје
Датум: 17.12.2016 во 19.00 часот и
18.12.2016 во 11.00 часот
Препорачана возраст: +5
Времетраење: 50 мин.
Отсекаде не демнат шеќерни куќички, квази трговци ни ветуваат живот полн со задоволства. Волшебното зборче е пари. Нашите деца лесно може да се претворат во жртви на конзумеризмот, токму како и братчето и сестричето на оваа дамнешна на сите позната приказна. Од нас зависи дали нашите деца ќе умеат да ги препознаат вистинските вредности, дали ќе умеат да севратат „дома”.
Цена на претстава: 150,00 ден.
HАЈОСАМЕНИОТ КИТ НА СВЕТОТ – Театар Мартин Мутер, Шведска
+ Креативна Работилница
Место: Кино Култура – Скопје
Датум: 18.12.2016 во 12.30 часот
Препорачана возраст: 3+
Времетраење: 30 мин.
Ова е една малечка претстава за едно големо осамено животно. Некаде во океанот, плива стариот кит. Со години пее, довикува и чека некој друг кит да му одговори. Но тоа никогаш не се случува. Најосамениот кит на светот пее на некој свој јазик, кој останатите китови не го разбираат. Ако некогаш сте немале со кого да си играте, тогаш веројатно знаете како се чувствува китот.
По претставата ќе се одржи креативна работилница со Театар Мартин Мутер. Доколку детето сака да учествува на работилницата потребно е да се купи билет за претстава со работилница, која ги покрива трошоците за материјали кои ќе им бидат дадени на учесниците.
Цена на претстава: 150,00 ден.
Цена за претстава и работилница: 200,00 ден.
Купи Карти За Се забранува било какви превземања на текстови и слики од оваа веб страна.
Сите превземања кои се без дозвола на Купи Карти За Се, ќе се сметаат за нелегални и
ќе бидат предмет на соодветна легална процедура!