Фани Мани

Театар 007 ви најавува...

ФАНИ МАНИ, Среда, 14ти Декември, почеток 20 часот, Универзална Сала.

Fani mani komedija vo univerzalna salaКултната хит комедија "Фани Мани", во режија на Коле Ангеловски, повторно на македонската театарска сцена, љубителите на мајсторските комедии ќе имаат можност да уживаат во несекојдневните ситуации и комични сплетки од претставата.

Хуморот и комичните ситуации во претставата, ќе ги споделат доајените на македонското актерско небо: Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Лазе Манаскоски, Катерина Коцевска и Марија Кондовска.

Оваа современа комедија во себе носи универзално значење, кое неверојатно одговара на нашето поднебје и на економската и социјалната ситуација кај нас.

Билетите можете да ги најдете на сите продажни места на ККЗС, по цена од 250 денари.