Hungaroring 2016
FORMULA 1, HUNGARORING 2016
Пакет аранжман со автобуски превоз и 3 ноќевања(***) во Будимпешта.
ПРОГРАМА:
Прв ден, среда, 20.07.2016. Поаѓање од Штип и Скопје во попладневните часови (времето и местото ќе бидат накнадно прецизирани). Ноќно возење со повремени паузи преку Србија кон Унгарија.
Втор ден, четврток, 21.07.2016. Пристигнување во Будимпешта претпладне. Сместување во хотелот, Williams Village(***), кој се наоѓа во северниот дел на Пешта во чиста, мирна, рекреативна зона на самиот брег на Дунав и е извонредно лоциран и кон Хунгароринг (15км) и кон Цернтарот (7 км) (во непосредна близина на метро-станица). Одмор од патот во Централната зона, промена на пари... Во 11 часот заминување кон Хунгароринг (22 км) за обезбедување на влезници и користење на можноста за прошетка по боксовите и евентуалните контакти со возачите. Потоа, во 16 часот враќање во Будимпешта и сместување во хотелот. Во вечерните часови разглед на знаменитостите: Стар Будим, Цитадела и Споменик на Милениумот, потоа слободна вечерна шема по централната улица Ваци. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.
Трет ден, петок, 22.07.2016. Заминување на Хунгароринг околу 10 часот. Следење на активностите за тренинг и другите настани на патеката предвидени за тој ден. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 16 часот и слободно време за одмор. Во вечерните часови организирано излегување до Центарот за вечерна шема. Враќање во хотелот околу полноќ. Ноќевање.
Четврти ден, сабота, 23.07.2016. Заминување на Хунгароринг околу 10 часот Следење на активностите предвидени за тој ден и главниот настан – квалификациите во Ф1 за пол-позиција. По завршувањето на тренинзите, враќање во хотелот околу 17 часот.
***Можност за факултативни форми (крстарење со брод по Дунав = 15 евра или посета на прекрасен спа центар на отворено на Маргаритиниот остров над природни термални извори = 10 евра) или слободен избор за шопинг, прошетки, зоолошка градина, луна парк,... Собирање на групата околу полноќ и заминување во хотелот. Ноќевање.
Петти ден, недела, 24.07.2016. Одјавување од хотелот и заминување кон Хунгароринг околу 10 часот. Следење на активностите и главната трка од 11 до 16 часот. Собирање на групата на договорено место во 17.30 и заминување кон дома. Ноќно возење преку Србија со повремени паузи по мотелите.
Шести ден, понеделник, 25.07.2016. Пристигнување во МК во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 10230 денари
Аранжманот опфаќа:
*Целокупниот автобуски превоз на наведената релација заедно со сите трансфери до стазата Хунгароринг и низ градот
*3 ноќевања (без појадок) во хотелот Williams Village(***)
*организацијата на патувањето.
Аранжманот не опфаќа:
*влезницата за трките која се зема на лице место на шалтерите пред Хунгароринг и чини 90 евра викенд-пакет, (или 80 евра само за неделата) - од категоријата GENERAL ADMISSION
*меѓународното патничко осигурување (може да го уплатите во туристичката агенција од каде што го купувате аранжманот)
*спомнатите факултативни форми
- Цената е загарантирана за уплати до 1 јули 2016, потоа може да биде променета во зависност од повеќе фактори кои влијаат на истата
- За реализирање на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
При купување на пакет арнжманот задолжително испратете ги вашите име и презиме, број на пасош и контакт телефон на contact@kupikartizase.com
Пакет аранжманите се продаваат преку продажните места на Купи Карти За Се кои поседуваат лиценца за вршење на туристичка дејност и тоа: Скопје: 1/2 Jуготон, Гтц 1 кат, ТА Савана Центар, ТА Атлантис (Т.Ц. Бисер, Влае, Центар), Art Of travel, Asiba (спроти City Mall), ТА Стаф, Кисела Вода; Прилеп: ТА Атлантис; Битола: ТА Атлантис, Глобус Травел Сервис, Тео Травел ТА; Охрид: ТА Вис Пој, ТА Атлантис; Велес: ТА Мартин Травел; Куманово: ТА Јоцо Турс; Кичево: ТА Атлантис; Струмица: ТА Aтлантис, We Travel; Штип: ТА Атлантис, Еуротурс, We Travel; Струга: Турис Биро Полет; Тетово: ТА Атлантис, Патник-Вокер; Радовиш: ТА Атлантис; Кавадарци: ТА Атлантис; Крива Паланка: ТА Атлантис; Гевгелија: Дори Травел, ТА Атлантис; Кочани: Libero Travel; Приштина: Rave Travel;