ERIC SARDINAS & BIG MOTOR

koncert

Eric Sardinas & Big Motor
Дискотека Рингишпил - Градски парк
17.07.2014 (Четврток) | 21:00
Skopje Blues & Soul Festival

Ерик Сардинас со својот бенд Биг Мотор ќе гостува во Скопје во рамките на првиот дел од ововгодишното издание на Блуз и соул фестивалот. Тој во моментот е една од најголемите светски музички атракции, чиј харизматичен настап никого не остава рамнодушен!

Од мали нозе, пројавува интерес за блузот, особено на неговите корени, таканаречениот Делта блуз, од каде тој го студира и апсорбира блузот на Charlie Patton, Bukka White, Big Bill Broonzy, Robert Johnson, за потоа да се пронајде и во блузот на Elmore James и Muddy Waters. Студирајќи ги старите мајстори, Сардинас создаде карактеристичен стил на свирење кој се потпира на блуз корените, збогатен со современ електричен блуз.

Неговиот стил можеби најдобро го објасни познатиот музички експерт Роналд  Кобс со зборовите дека, музиката на Ерик Сардинас е неверојатна комбинација на блузот на Robert Johnson и Johnny Winter,

Атрактивниот настап и виртуозност на Сардинас не останаа незабележани од важните луѓе од музичката индустрија, така што 1999 тој потпиша договор со компанијата Evidence Records,  неговиот прв албум Treat Me Right се појави истата година и предизвика голем интерес кај љубителите на блузот. По првиот албум, неговата дискографија се зголеми за уште неколку одлични албуми Angel Face (2000 EP), Devil's Train (2001), Black Pearls (2003), Eric Sardinas and Big Motor (2008), Sticks & Stones (2011) на кои како гости се појавуваат еминентни имиња на блузот како Johnny Winter, Hubert Sumlin, David Honeyboy Edwards и други. Во 2002 Ерик Сардинас се појави на албумот посветен на легендарниот Bo Diddley со наслов Hey Bo Diddley - A Tribute!, исполнувајќи ја темата "Ride On Josephine".

Со околу 200 настапи годишно Ерик Сардинас е во самиот врв на светската сцена, а секој негов настап е вистинско доживување. Во моментот со својот бенд тој го снима новиот албум кој треба да излезе наесен, а нашата публика ќе има ексклузивна можност да слушне некои од темите што ги подготвува.

Со други зборови, ова е можност повторно во живо да се проследи неговиот настап, настан кој не смее да се пропушти!