ЕНИ ЈУНИОР, БРОДВЕЈСКИ МЈУЗИКЛ
23.12.29019 | 19 часот
ЕНИ ЈУНИОР, БРОДВЕЈСКИ МЈУЗИКЛ
Македонска Филхармонија
Скопје, Македонија
Цена: 350 денари и 300 денари - донациска карта ( картата ја купувате со цел да ја донирате )
Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци Ени Јуниор, ја раскажува приказната за малото сираче Ени - алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.
Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години.
Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други.
Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели - во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”.
Мини-проектот „Подари карта за другарче”, како дел од хуманитарната акција на здруженијата Крео-Аксис, Проект Среќа и Дајте ни крилја, подразбира да купите карта за дечињата и штитениците на здруженијата Проект Среќа и Дајте ни крилја, како и за дечињата од малите групни домови, по цена од 300 денари и да му овозможите на некое непознато другарче да присуствува на овој предновогодишен настан.
Организатор: КРЕО-АКСИС, Здружение за инклузивно и неформално образование
Покровител на проектот е Претседателот на Република Северна Македонија