Ефто Пупиновски
На 16.05.2014, во Универзалната сала во Скопје. со почеток во 20.00 часот Старс Медиа Скопје, организира солистички концерт “Песно Моја Добра“ на естрадниот уметник Ефто Пупиновски.
Концертот се одржува по повод јубилејот - 40 години активно присуство на македонската естрада. Бидете дел од доживувањето кое ќе се памети со песните - неговите обнародени хитови - од “лихнида” до “туга си бескрајно”. Концертот ќе биде изведен во живо, во придружба на оркестарот “Академци”. На концертот како гости ќе настапат популарните Блага Петреска и Ѓоко Танески.
Билети можете да набавите во предпродажба во музичката продавница Пола Југотон како и он-лине на www.kupikartizase.com, по цена од 300 денари.