Сора Дуо
Сора Дуо
Ухида Шиори – саксофон, Јапонија
Фати Фехмију – хармоника, Македонија
Црква Св.Софија, 05.08.2018, 21:00 ч.
Цена на билет: 200 Денари
Дуото „Сора“ е основано во 2015 година, а само година подоцна го одржува својот прв концерт. Оттогаш редовно настапуваат на разновидни настани, на кои изведуваат свои композиции, аранжмани на познати дела, како и дела од класичната музика, традиционалната и народната музика, филмската музика, свирејќи притоа на различни инструменти – саксофон, хармоника, пијано, виолина и други. Дуото е добитник на специјалната награда од публиката на 14-тиот концерт во салата Јуме во Јапонија во 2016 година.
Учида Шиори започнува да учи пијано на две-годишна возраст, а саксофон 10 години подоцна. Дипломира на Колеџот за музика „Кунитачи“, а како резултат на успешните студии започнува да настапува како солист со Универзитетскиот симфониски оркестар и други камерни состави. Студирала под менторство на Кумои Масато, Араки Коичи и Коџи Јуреи – професори и вистински професионалци во својата дејност. Посетувала и мајсторски курс кај познатиот американски саксофонист Фредерик Л. Хемке.
Фати Фехмију своето музичко образование го започнува свирејќи хармоника и виолина. Уште од рана возраст го привлекува композицијата, па затоа паралелно се запишува на академски студии по виолина и композиција. Магистрира музикологија и музичка педагогија, а воедно студира и компјутерска музика на Колеџот за музика „Кунитачи“ во Токио, каде ги започнува и своите докторски студии. Во кариерата соработувал со истакнати артисти, а добитник е и на повеќе награди.