Дуке Бојаџиев - сон, верба, љубов

Дуке Бојаџиев со Сон, Верба, Љубов во Античките Театри во Битола и Охрид!

duke bojadziev

Ве информираме дека на 7ми Август во Хераклеа Битола и на 9ти Август во Антички Театар Охрид, концерти ќе одржи еден од нашите најдобри современи пијанисти и композитори, Дуке Бојаџиев, со својот фантастичен проект “Сон, Верба, Љубов”.

Дуке Бојаџиев ќе настапи со неговиот ансамбл од специјални гости:

Исмаил Лумановски – кларинет                                                                                                                        Тања Царовска – вокал 
Мартин Ѓаконовски контрабас
Мартина Блажеска – вокал
Костас Анастасиадис – перкусии
Владимир Крстев – стринг квартет

„Сон, Верба, Љубов“ во себе ја инкорпорира музиката која што Дуке Бојаџиев ја создаде за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, потоа композиции од неговиот албум „Љубовта е патот“, како и нови, досега неизведени творби. Вклучувајќи ги и аранжманите и изведбата, проектот може да се опише како вкусен спој на филмска, класична и изворна музика и во него силно се чувствува поднебјето на авторот, односно духот на македонската традиција. Покрај македонскиот традиционален звук, музиката на Бојаџиев опфаќа фолклорни елементи и од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, и со тоа влијае на фузионирање на културното богатство на сите народности што живеат во Македонија. Проектот „Сон, Верба, Љубов“ ке биде изведен во престижниот Карнеги Хол во Њу Јорк на 8 октомври годинава, со камерниот оркестар на Македонската филхармонија.