Дуке Бојаџиев - Love Is The Way
концерт за пијано и оркестар
2 Август 2011
Антички Театар - Охрид, 21:00 ч.
По спектакуларниот настап во њујоршкиот Карнеги Хол на 16 април годинава, задоволство ни е да го претставиме истиот и на македонската публика, во проширено оркестарско издание.
На целовечерниот концерт на Дуке Бојаџиев со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, гости од земјава и светот ќе се изведе музика од албумското издание “Love Is The Way” и теми од филмовите "Сенки" на Милчо Манчевски и „Војната заврши" на Митко Панов.
Концертот ќе биде збогатен со поезија од Џелаледин Мевљана Руми (Суфизам, 13 век) и од наши македонски класици во поезијата.
Камерен оркестар на Македонска филхармонија
Камерен хор
Диригент:Саша Николовски-Ѓумар
Солисти:
Ara Dinkjian – уд
Ian Buchanan – поезија
Исмаил Лумановски – кларинет
Васко Дуковски – кларинет
Mathias Kunzli – ударни инструменти
Блерим Груби – виола
Милена Арсова – сопран
Верица Недеска – вокал/поезија
Верица Андреевска Спасовиќ – вокал
Александар Петров – ударни инструменти
Цената на картите во предпродажба е 500 денари. Цената на картите на врата ќе биде 600 денари.
Duke Bojadziev & Ensemble, Carnegie Hall, 16 april, 2011