Duke & Friends - РАСПРОДАДЕН

Распродадени се билетите за првиот концерт на Дуке Бојаџиев, доколку сепак сакате да присуствувате на ова музичко доживување можете да купите карти за вториот најавен концерт.

duke bojadziev

Ве информираме дека влезниците за досега најголемиот концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје се веќе пуштени во продажба. Билетите за концертниот проект „Дуке и пријателите“ кој ќе се одржи на 20-ти февруари во арената „Метрополис“, а во органнизација на Авалон продукција, можат да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти За Се (освен на продажните места на Макпетрол) и онлајн на www.kupikartizase.com.
Со секоја купена карта следува подарок DVD од концертот кој се одржа лани на Античкиот театар во Охрид, кое се подига на самиот влез на концертот.
По незаборавниот концерт во „Карнеги хол“, извонредниот Дуке Бојаџиев ќе настапи пред македонската публика. Како специјални гости со Дуке на сцена ќе настапат неговите пријатели Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Исмаил Лумановски, Тања Царовска, Никола Ристановски, Матијас Кунзли и Костас Анастасиадис.

Извонредно отворање на новата концертна сезона во Македонија.

Duke and friends mapa