Државен балет на мраз на Санкт Петербург

balet na mrazЗа првпат во Македонија доаѓа Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 овој балет, почнува да одржува претстави низ оперските и балетските сали ширум светот. На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави Лебедово езеро, Заспаната убавица, Оревокршачка... А за првпат истите се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија. Овој балет, кој има настапувано во најдобрите балетски сали низ светот, во Скопје гостува на 16ти и 17ти декември, во МОБ.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

Ве известуваме дека билетите за изведбата на 16.12 се целосно распродадени.
На барање на публиката најавуваме две нови изведби, на 16 и 17.12 со почеток во 18 часот.

 

mob nova mapa