Дојран Ечи

dojran eci

Mакедонската сцена e одлично размрдана летово, вриe со концерти и настапи... Затоа Дојран Ечи ќе ве соберат на едно место. На ден 29.07.2016 и 30.07.2016 на паркингот на Хотел “ГРАНИТ” и плажата Свети Никола од карши ќе биде епицентарот за добра забава и кул зезање во југо – источниот дел на Македонија. Прв ден 29.07 со почеток од 19:00 настапуваат: Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов, Дарио, човекот кој знае со кого разговара веднаш по првото “ало” сите го знаеме - Угро, Dj Guardian и останала екипа. Се зезаме до 03:00 на фестивал, а потоа на 30.07 (сабота) продолжуваме со милион зезанции, добра музика, и квалитетна пијачка. 19:00 се отвора главната сцена на паркингот и настапуваат: Чаирскиот фраер Владо Јаневски, Куку Леле, Либеро Бенд. 

Дел од фестивалот ќе биде нашиот камп со капацитет од околу 400 шатори па првите 400 може да си обезбедат и дводневно кампување.

Карти во предпродажба во продажната мрежа на www.kupikartizase.com од 1 јули и тоа:
- (Дводневна фестивалска влезница, дводневна влезница за дневни забави) - 400 ден. 
- (Дводневна фестивалска влезница, дводневна влезница за дневни забави, кампинг простор) - 500 ден.
ПРОМОТИВНО: До 15 јули, со секоја купена влезница добивате ваучер за пијалок во вредност од 400 денари, од 15 до 25 јули, добивате ваучер во вредност од 200 денари.  

За подетално инфо еве ви линк од официјалната FB страна на “Дојран ЕЧИ” и не заборавајте да не посетувате, чисто да бидете во чекор со новостите кој ви ги нуди “Дојран ЕЧИ” и “Eчиме Медиа”. Јули може да почне.