ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ I

10.07.2020 (петок)
21:00 часот
Факултет за ликовни уметности – Сули Ан

“ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ I” - монодрама

 

актер: Бобан Алексоски

режија: Ѓорѓи Ризески

автор: Николај Гогољ

театар: “Златен Елец”

50мин. / 16+ год. / македонски

21ва изведба

Аксентие Иванович го трча последниот круг на надежта, заедно со своите гости, кои ја слушаат и оценуваат неговата приказна. Секој во публиката размислува различно, а секој одговор му е важен на Аксентие за да продолжи да живее.

Дали луѓето сакаат да ја чујат вистината?

Дали?!

Дали вие сакате да ја чуете вистината?

Дали?

„Дневникот на лудиот“ e провокативен текст, кој иако напишан во 1835год. е сеуште ужасно актуелен. Гогољ сака на некој начин да не разбуди од сонот, од кој сме сите заслепени во секојдневието, и проблемите околу социјалниот момент - трката во која живееме.

Претставата во октомври 2017 година добива две награди на Balkan Theater Tirana Festival:

*Награда за НАЈДОБРА РЕЖИЈА на фестивалот за Ѓорѓи Ризески

*Награда за НАЈДОБАР АКТЕР на фестивалот за Бобан Алексоски

Претставата во април 2019 година

добива една награда на Интернационалниот театарски фестивал ЛИЦА БЕЗ МАСКИ:

*Награда за НАЈДОБАР АКТЕР на фестивалот за Бобан Алексоски

ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ПУБЛИКАТА:

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжитело ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:

- носење заштитни маски,

- мерење телесна температура

- одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во

гледалиштето,

- дезинфекција,

- влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот,

Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по симболична фестивалска цена од 100 денари.

Влезниците за настаните ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.