Дневникот на лудиот

„Дневникот на лудиот“ 54та изведба режија: Ѓорѓи Ризески автор: Николај В. Гогољ актер: Бобан Алексоски асистент на режија: Тамара Стојаноска продукција: Театар „Златен Елец“ „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, зборува за проблемот на човекот внатре во себе и како нас во таа дилема или дискусија со себе не прифаќа општеството.

„Нашата претстава се занимава со тоа колку е важно да се има поддршка за да се успее во животот, колку сме виновни што сме добиле или не сме добиле од него. Разочарувањето не е одговор, има нешто среќно што го трагаме сите, но многу пречки што самите сме ги создале не ни дозволиле за да конечно го најдеме и му се радуваме до крај. Денес сите некако стравуваат да дадат вистински одговори и владее лицемерие на големо, владеат и лагата и лакомоста. Со една реченица – Себичното општество го оштетува човекот до крајот на животот“, вели Алексоски.

За него бил вистински предизвик да го игра ова дело. Актуелноста на текстот, е во распаѓањето на ликот кој се обидува да го смени своето реално мислење со некаква утеха или пореална анализа на неговиот живот. Актерот е сигурен дека гледачите ќе препознаат барем еден проблем од тие што го мачат Аксентие, ќе размислат и ќе сменат нешто кај себе.

„Дневникот на лудиот“ учествуваше на неколку фестивали и до сега освои четири награди, една за режија и три за најдобар актер на фестивалите: „Лица без маски“ Скопје, „БАТТИФ“ Тирана, Албанија и на „Актерот на Европа“ во Преспа, Ресен. Ова е првиот дел од трилогијата Дневникот на лудиот, следните два дела се по текстови од Лу Син и Ги Де Мопасан, кои во блиска иднина би се изведиле повторно пред публика.