Dirty House Sessions

zurka na plaza orevceАмериканскиот дј и продуцент Jason Falzone на 30-ти јули ќе гостува во Охрид, во рамките на забавите Dirty House Sessions. 

Забавате ќе се одржи на плажата Оревче, Градиште. Минатата година Jason Falzone гостуваше во Охрид и имаше одличен настап, а интересно е и тоа дека и лани неговата забава беше на истиот датум 30-ти јули.

Настанот ќе биде отворен од охридскиот Backdoor band и Dj- Tiho (NY)

Тој е голем вљубеник во Охрид, а годинава ќе биде негово трето по ред гостување во Македонија, со што практично како да востановува традиција на посета на Охрид, а притоа на посетителите да им понуди добра музика.

Jason Falzone често е дел од распоредот на Зимската музичка конференција во Мајами, Флорида, фестивал, кој секоја година на крајот на март ги собира на едно место илјадници љубители на електронската музика и култура.

Тој е вистински музички авантурист, што се потврдува и со оној посебен жар, кој извира од неговата енергија и желба за споделување на музиката со публиката.

Tiho e роден во Софија, Бугарија, но веќе долги години живее и работи во New York City, каде се етаблира како локален хаус Dj. Toj e дел од њујоршката андерграунд сцена изминативе 10 години. Настапувал со познати имиња како Mark Farina, Kevin Yost, Joey Youngman, James Zabelia и многу други. Неговиот стил се дефинира како длабок минимал тех-хаус, вљубеник во аналогниот саунд кој сеуште пушта музика од грамафонски плочи.

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 250 денари. На врата цената на билетите ќе изнесува 300 денари.