Дино Имери
Познатиот македонски пијанист Дино Имери на 11 декември со концерт ќе ја прослави 10 годишнината од својата артистичка кариера.
Концертот ќе се одржи во големата сала на Македонската Филхармонија со почеток во 20 часот.
Како специјални гости на концертот ги најавуваме
Влатко Стефановски
Благој Нацоски
Камерен оркестар на МММ и Дијана Имери Илкоска како диригент
Бојан Илкоски
Марија Јакимовска
Богдана Бушевска
Биљана Јосифов
Инес Неделковска
Ади Имери
Ивана Коцевска
Водител на концертот ќе биде Јана Серафимовa.
Билети можат да се набават на сите продажни места и онлајн на сервисот на Купи Карти За Се по цена од 350 денари