De:sonanz!
Добредојдовте на четвртото издание на de:sonanz! И оваа година преку бројните настапи во живо, диџеј сетови, аудио-визуелни перформанси, предавања, како и преку една мултимедиска инсталација, ги претставуваме актуелните тенденции од областа на електронската музика и медиумската уметност од Македонија, Словенија, Грција, Јапонија и Германија.
Интерактивната инсталација „7k:newlifeform“ ни открива еден уникатен техно-екосистем. Свет населен со растителни и микроскопски организми и една чудна нова класа на технички нано-суштества.
Потоа ќе тргнеме на едно аудио-визуелно патување со артистите Нови Сад и Ријоичи Курокава кое претставува спротивно движење и реакција на економските колапси. Колку повеќе се продлабочуваат економските кризи, толку побогат и поинтензивен станува музичкиот и визуелниот израз. „Sirens” уметнички ја рефлектира потрагата по решение на актуелните светски енергетски и економски проблеми. Освен тоа, ќе имаме можност да уживаме во уникатниот ритам на Касем Мосе кој обединува разни електронски стилови, како и во мрачниот и повеќеслоен електронски звук на Анстам.
Оваа година ги претставуваме и Херцел и Геновева, кои со својот квалитет веќе се етаблирани на меѓународната електронска сцена со бројни изданија за светски познати етикети, 01Плант локална реакција на случувањата на светската психоделична/нојз сцена, експерименталните аудио-визуелни настапи на Мнемоник45 и НОИТУ, како и диџеј сетовите на Хаде, Мартчин и DJ Bleed...
За визуелниот израз на настапите ќе се погрижи реномираното виџејско дуо од Германија Telematique&u-matic.
Со задоволство Ве очекуваме на уште една нова аудио-визуелна авантура!
Карти за 5.10. и 6.10. во предпродажба во Југотон по цена од 200 денари, а на врата по цена од 300 денари.
Влезот на 3.10. е бесплатен, а на 4.10. влезниците се купуваат во МНТ - Театар Центар по цена од 150 денари.
Програма:
03.10. - Кинотека на Македонија – 20 часот
Мултимедиска инсталација: 7k: newlifeform (SLO)
NOITU | Raw Geometry (MK)
04.10. - МНТ - Театар центар – 20 часот
Novi_sad + Ryoichi Kurokawa | Sirens (GR/JAP)
Mnemonic45 (MK)
05.10. - Клуб Хавана (Дом на градежници) – 24 часот
Kassem Mosse LIVE (GER)
Herzel & Genoveva LIVE (MK)
DJ Bleed (GER)
Визуелизации: Telematique+u-matic (GER)
06.10. - Клуб Хавана (Дом на градежници) – 24 часот
Anstam LIVE (GER)
01Plant LIVE (MK)
Martchin (MK)
Hade (MK)
Визуелизации: Telematique+u-matic (GER)
6.10. - Кинотека на Македонија - 18 часот
Предавање: Берлин – меѓу дрвени шупи и Start-up раскош,
Саша Кеш (Sascha Koesch) алијас DJ Bleed
Презентација: Telematique + u-matic